Инцидентот се случил неколку часа откако беа истрелани ракети врз база во западен Ирак, каде што се сместени американски војници.
Во нападот нема жртви.
Ирачки безбедносни извори утрово јавија дека американскиот одбранбен систем Ц-РАМ соборил сомнителен дрон во текот на ноќта.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=JAWrcvQ1K3o autoplay:0]Во Ирак има околу 2.500 американски војници како дел од меѓународната коалиција против џихадистите.
Од доаѓањето на Џозеф Бајден во Белата куќа, извршени се 47 напади врз колони на ирачката логистика на меѓународната воена коалиција или врз базите во кои се наоѓаат американски војници.
Американските сили ги припишуваат нападите на проирански групи.






