Микштајн за дневникот „Клајне цајтунг” рече дека сега е важно ограничување на контактите во најголема можна мера, па смета дека би било најдобро, и покрај важечкото „3Г”- правило за работно место, кое им дозволува доаѓање на работа само на вакцинираните, излечените од ковид-19 или оние со негативен тест, сите работни дејности да се пренасочат на домот.
„Препорачувам работа од дома секаде каде што тоа е можно”, рече тој.
Австрискиот парламент треба да усвои финансиски стимулации за работата од дома.
Од следната година би требало да биде можно да се отпишат 1.200 евра паушал од данокот ако некое лице нема посебна работна соба за работа од дома.






