сабота, 2 мај 2026

Австрија доби нов канцелар

Објавено на

часот

Сподели

Зелените, помалиот партнер на конзервативците на Курц, побараа оставка од досегашниот канцелар откако беше отворена истрага против него и уште девет лица поради сомнеж за мито и корупција. Курц, кој ги отфрла обвинувањата, ќе остане лидер на конзервативците и се враќа во парламентот како шеф на клубот на пратеници на својата партија.

Шаленберг е дипломат од кариера и близок сојузник на Курц, но и релативен политички новајлија. Критичарите не веруваат дека ќе одлучува самиот, а тој одби да коментира пред да даде заклетва за канцелар.

„Сите опозициски партии се сложуваат дека нема промена на системот на Курц. Тој сè уште ги има сите конци во своите раце, а новиот канцелар Шаленберг е дел од системот на Курц“, кажа за ОРФ радио социјалдемократот Каи Јан Крајнер кој беше во парламентарната комисија во рамки на истрагата за можна корупција во претходната влада на Курц.

Критичарите го обвинуваат Курц за надзор над системот кој ги заобиколува правилата за прашања како финансирањето на партиите и именувањата во државните фирми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ