четврток, 30 април 2026

Австралија: Мора да ги реформираме единиците за борба против тероризмот

Австралија мора да ги реформира своите единици за борба против тероризмот и да ја засили безбедноста на настаните во еврејската заедница, препорача денес истражна комисија формирана по антисемитскиот напад на плажата Бонди во Сиднеј во декември 2024 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Реформата на единиците за борба против тероризмот „треба да се однесува на командните структури, интеграцијата на тимовите, пристапот до системи и договорите за споделување информации“, рече пензионираната судијка Вирџинија Бел, која претседава со кралската истражна комисија за нападот во кој загинаа 15 лица на прославата на Ханука во Сиднеј.

Таа исто така рече дека полицијата треба да размисли за зајакнување на безбедносните мерки на еврејските прослави „со јавна димензија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ