петок, 24 април 2026

Авганистанскиот претседател избега со 169 милиони долари, тврди амбасадор

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадата на Авганистан во Таџикистан побара од Интерпол да ги приведе Ашраф Гани, Хамдалах Мохиб и Фазал Махмуд Фазли под обвинение за кражба на државни пари за да може средствата да се вратат во Авганистан, објави авганистански Толоњуз повикувајќи се на извори.

Руската амбасада во Кабул во понеделникот соопшти дека Гани избегал од земјата со четири автомобили и хеликоптер полн со пари и дека немајќи место морал да остави дел од парите на пистата, пренесе агенцијата РИА.

Во меѓувреме, новинарот на Би-би-си, Кавун Камуш, го цитираше авганистанскиот амбасадор во Таџикистан, кој рече дека „Ашраф Гани избега со вреќи полни 169 милиони американски долари додека паѓаше Кабул“.

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати потврди дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани е во таа заливска земја.

„Министерството може да потврди дека ги прими претседателот Гани и неговото семејство од хуманитарни причини”, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ