петок, 24 април 2026

Авганистанска новинарка побара од шефот на НАТО да не ги признава талибанците (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Би сакала да поставам прашање за улогата на НАТО во Авганистан. НАТО не е само Америка, не мислите ли дека одлуката која вие и НАТО ја донесовте е погрешна?“, праша Садид.

„Уште колку пропаднати политики ќе следат пред да се најде решение: Видовме каква е ситуацијата. Бидејќи како жена од Авганистан… јасно ми е дека ситуацијата е тешка. Има илјадници жени во Авганистан кои не знаат што им носи иднината, што се случува… Ве молам, не ги признавајте талибанците безусловно, како што направи Доналд Трамп кога го потпиша договорот со нив“, кажа новинарката во солзи.

[video:https://youtu.be/4J8Ilxaa9EM autoplay:0]

Додека го поставуваше прашањето, во редакцијата беше закачен натписот „Авганистанските животи значат“.

„Дваесет години НАТО и меѓународната заедница беа присутни во Авганистан, а сега се враќаме назад 20 години. Би сакала да прашам како е тоа можно? Европската Унија и САД беа на врвот на цивилизацијата, ги победија фашизмот и нацизмот во Втората светска војна. А сега, и покрај својата сила, не можат да се борат против талибанците“, кажа новинарката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ