петок, 24 април 2026

Авганистанци се качуваат на авион во движење во обид да побегнат од талибанците (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

[video:https://www.youtube.com/watch?v=FiRJRjsLx-M autoplay:0]

Очајните Авганистанци беа снимени како се качуваат на авион на американските воздухопловни сили, додека толпи луѓе се обидуваат да побегнат од талибанците.

На некои видеа снимени на аеродромот може да се слушнат постојани истрели, додека други прикажуваат толпи луѓе што ги стискаат рампите, очајни да добијат место во преполните авиони.

Во понеделникот се појави и снимка на која се гледа како најмалку двајца луѓе паѓаат од крилото на авион што полетал.

Мештаните што живеат во близина на аеродромот во Кабул тврдат дека виделе тројца мажи како се држат за тркалата на авионот и подоцна паѓаат од нив.

Талибанците во неделата влегоа во главниот град на Авганистан, а претседателот Ашраф Гани побегна во Обединетите Арапски Емирати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ