вторник, 5 мај 2026

Асанж доби дозвола да се ожени со партнерката во затвор

Објавено на

часот

Сподели

Асанж и Морис имаат два сина, кои ги добиле додека Асанж живеел во еквадорската амбасада во Лондон.

Затворската управа наведе дека барањето на Асанж било „разгледано на вообичаен начин од затворскиот управник“.

На затворениците во Велика Британија им е дозволено да се венчаат според законот од 1983 година, а доколку барањето биде одобрено, затвореникот и партнерот ја плаќаат целата цена на венчавката, без државна помош.

Идната сопруга на основачот на Викиликс, адвокатка родена во Јужна Африка, изјави дека речиси секој ден го посетувала Асанж во амбасадата на Еквадор и дека „добро да го запознала Џулијан“.

Во видео објавено на Јутјуб профилот на Викиликс Морис рече дека го запознала Асанж во 2011 година кога се придружила на неговиот правен тим. Тие се во врска од 2015 година, а се вериле две години подоцна.

Австралиецот е во затворот Белмарш од 2019 година, каде што е донесен од еквадорската амбасада во Лондон, откако бил уапсен поради кршење на условите за кауција. Асанж ја чека одлуката на британскиот суд дали ќе биде екстрадиран во САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ