понеделник, 4 мај 2026

Асанж би можел да се убие доколку биде екстрадиран, предупреди одбраната

Објавено на

часот

Сподели

На педесетгодишниот Австралиец му се закануваат 175 години затвор во САД, каде судски го гонат за објавување стотици илјади доверливи документи.

На вториот ден на разгледувањето на американската жалба до лондонскиот Висок суд неговите адвокати истакнаа дека новите поднесени аргументи воопшто не оправдуваат измена на првостепената одлука за негова екстрадиција.

Американските власти, обидувајќи се да ги разубедат лондонските судии, во средата го оспорија тврдењето за можно самоубиство на Асанж.

Истакнаа дека австралискиот новинар нема да биде затворен во озлогласениот затвор АДХ Флоренс во Колорадо, познат како „Алкатраз на Карпестите планини“, каде во речиси целосна изолација се затворени припадниците на Ал каеда.

Вашингтон се надева на поништување на одлуката на судијката Ванеса Баретсер која ја одби екстрадицијата поради високиот ризик од самоубиство и можноста од влошување на психичката состојба на Асанж во американскиот правосуден систем.

Во објаснувањето на својата одлука Баретсер потсети дека САД не беа способни да го спречат самоубиството на американскиот финансиер Џефри Епстајн обвинет за подведување малолетнички.

„Овие заклучоци произлегуваат пред сè од природата на психичките тешкотии на Асанж и неговиот страв од екстрадиција имајќи ја предвид посебноста на неговиот случај“, кажа адвокатот на австралискиот новинар Едвард Фицџералд. „Ништо не упатува дека овие фактори ќе се сменат поради американските сугестии“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ