„За жал, инцидентите се повторуваат“, им кажа на новинарите премиерот Матеуш Моравјецки.
„Тие сите ќе бидат строго казнети, во согласност со законите, а ние, покрај тоа, ќе преземеме мерки за зајакнување на безбедноста на сите тие центри“, додаде тој.
[video:https://youtu.be/3HOKtfzKoho autoplay:0]Шефот на полицијата Јарослав Шимчик објасни дека извршителите во неделата запалиле една мобилна единица за вакцинирање и канцеларија на локалната епидемиолошка агенција во Градот Замошч на истокот на Полска.
Во двата пожари немало жртви.
Шимчик истакна дека станува збор за „исклучително шокантни инциденти“ и најави дека деноноќно кај центрите за вакцинирање ќе има безбедносен персонал.
„За жал, сведочиме на ескалација на бруталноста, дури и насилство на антиваксерските групи“, истакна тој.
Владата ги поттикнува Полјаците да се вакцинираат, но ритамот е многу успорен. Бројни центри морале да затворат поради немање интерес.
Речиси 50 отсто од населението во Полска е целосно вакцинирано.
Според анкетите, речиси четвртина се против вакцинирањето или се колебаат.
[video:https://youtu.be/ELk15TZQPXk autoplay:0]





