Одборот за буџет на Претставничкиот дом изнел доволно причини кога побарал да му се предадат даночните пријави на поранешниот претседател и министерството за финансии мора да му ги приложи тие информации, оцени министерството за правосудство.
Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси со одобрување ја дочека таа одлука, кажувајќи дека пристапот до документите е прашање на национална безбедност.
„Американскиот народ заслужува да ги знае фактите за неговите загрижувачки конфликти на интерес и за поткопувањето на нашата безбедност и демократијата додека ја вршеше претседателската должност“, кажа Пелоси, лидерката на демократите во Конгресот.






