петок, 24 април 2026

Американскиот извештај за потеклото на ковид-19 не дава одговор

Објавено на

часот

Сподели

Бајден на крајот на мај побара одговор на тоа прашање од американските разузнавачки служби во рок од 90 дена.

Во вторникот тој го доби доверливиот извештај, но тој не дава конечен одговор, бидејќи шефовите на разузнавачките служби не можеле да се сложат околу конечното објаснување, пренесува Вашингтон пост, повикувајќи се на двајца неименувани американски функционери запознаени со тоа прашање.

Тоа делумно се објаснува со тоа што Кина не дала доволно информации, наведува Волстрит џурнал, исто така повикувајќи се на два анонимни извори.

Според изворите на Вашингтон пост, разузнавачките служби ќе се обидат во следните денови да ја тргнат ознаката за доверливост од делови на извештајот за да може да се објават.

Пекинг вчера повторно ја отфрли можноста за нова истрага на Светската здравствена организација (СЗО) на својата територија во врска со теоријата дека вирусот протекол од лабораторијата во Вухан.

„Кина не мора да ја докажува својата невиност“, порача вчера главниот директор на Одделот за контрола на вооружувањето на кинеското министерство за надворешни работи Фу Цонг.

„Ако Соединетите Држави мислат дека Кина е виновна, мора да приложат докази“, кажа тој.

Пандемијата на ковид-19 однесе од крајот на 2019 година 4.439.888 човечки животи во светот, според податоците на Франс прес собрани од официјални извори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ