„Нема никаква основа да му се изрече пресуда на Фенстер според овие обвинувања. Сите во весникот се разочарани и вознемирени поради оваа одлука на судот. Само сакаме да биде ослободен што е можно побргу за да може да оди кај своето семејство“, рече главниот и одговорен уредник на „Фронтиер Мјанмар“ Томас Кин.
Фенстер, кој е и уредник на списанието „Фронтиер Мјанмар“, првобитно е обвинет за поттикнување насилство и кршење на имиграциските закони. „Фронтиер Мјанмар“ пишува дека против Фенстер во почетокот на неделата се додадени нови и многу посериозни обвинувања за бунт и кршење на Законот за тероризам, за кои е предвидена затворска казна од по 20 години.
Фенстер е уапсен во мај, кога се обиде да го напушти Мјанмар, и оттогаш се наоѓа во затворот „Инсејн“ во Јангон.
Мјанмар е зафатен со хаос од воениот удар во февруари, со кој е симната од власт избраната администрација на чело со Аунг Сан Су Чи.






