Брајан Џефри Рејмонд ја призна вината по обвиненијата за сексуално злоставување и дистрибуција на порнографски материјал, се наведува во соопштение на американското министерство за правда.
45-годишноот Рејмонд го напуштил Мексико откако една жена била најдена гола и како вика на помош од неговата тераса на 31 мај 2020 година, се наведува во судските документи. Таа кажала дека не се сеќава на настанот по консумирањето пијалак и храна кои ѝ ги донел, пренесува Њујорк пост.
Во текот на истрагата која следела „агенти нашле стотици фотографии и видео-снимки кои прикажуваат повеќе од 20 онесвестени и голи или делумно голи жени на мобилните телефони на Рејмонд, на неговиот клауд и други електронски уреди“, се наведува во соопштението.
Ex-US Embassy staffer pleads guilty to assaulting, drugging at least 23 women https://t.co/KRk7VTUshv pic.twitter.com/HGmdrpqigV
— New York Post (@nypost) July 27, 2021
Тој материјалите почнал да ги собира од 2006 година и продолжил сè до мај 2020 година.
„Раката на Рејмонд се гледа на фотографиите и видео-снимките, како и на устите, очите, рацете и нозете на неговите жртви. Се гледа и како Рејмонд лежи во кревет со жените кои се онесвестени и ги допира“, се наведува.
„Жените за време на престојот со Рејмонд имале губење на памтењето и не знаеле за фотографиите, снимките и физичкиот контакт“, се наведува во соопштението.
ФБИ утврдило дека Рејмонд на интернет пребарувал сајтови поврзани со ефекти на користење лекови и дрога со алкохол.
Former US diplomat to Mexico found guilty of drugging and sexually abusing 23 women https://t.co/y2YTTDKXzH
— The Independent (@Independent) July 27, 2021
Во договорот за признавање на вината, Рејмонд признал дека имал сексуални односи со две жртви во својата резиденција во Мексико Сити. Истакнал дека жртвите не биле во состојба да му дадат согласност.
Рејмонд дистрибуирал 479 слики и снимки од 20 онесвестени жени во САД, каде се обидел да го избрише материјалот од своите уреди и интернет профили додека траела истрагата.
Му се заканува максимална казна доживотен затвор, парична казна од 250.000 долари, а минималната казна затвор е 5 години.
„Брајан Рејомнд ја изневери довербата која му беше дадена како службеник на американската влада кој ги претставува САД во странство, откако повеќе години малтретирал, експлоатирал и снимал жени кои ги целел во САД и други делови од светот“, наведе американското јавно обвинителство.
[video:https://youtu.be/FkDGR7eJwR8 autoplay:0]





