петок, 24 април 2026

Американска министерка: Мобилизирајте го капиталот во борбата против климатските промени

Објавено на

часот

Сподели

Американското министерство за финансии наведе во изјава дека Јелен, претставникот за климата во Белата куќа Џон Кери и лидерите на главните развојни банки разговарале за начините како да се „максимизира“ приватниот капитал за финансирање на борбата против климатските промени и да се преиспитаат интерните субвенции и пракси на банките во таа цел.

Јелен ги поттикнала да се фокусираат на климатските прилагодувања, особено преку операции во приватниот сектор и да ги поддржат земјите во спроведувањето на амбициозните мерки за намалување на емисиите на штетни гасови и заштитата на критичните екосистеми, пренесува Ројтерс.

Американската министерка повторно ќе ја свика групата за да „разговараат за нивните конкретни планови во октомври“ на маргините на годишните состаноци на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

На состанокот учествувале организации од Групата на Светската банка, Африканската банка за развој, Азиската банка за развој, Европската банка за обнова и развој и Меѓуамериканската банка за развој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ