Двете страни разговараа за тоа како да ги почнат преговорите откако Северна Кореја ги отфрли предлозите на администрацијата на Бајден, пишува Ројтерс.
Шерман им изјави на новинарите дека со нетрпение очекува сигурен, предвидлив и конструктивен пат со Северна Кореја.
„Сите сочувствуваме со народот во ДПРК, кој навистина се соочува со сите најтешки околности со оглед на пандемијата и нејзиното влијание врз прехранбената индустрија“, рече Шерман.
Иако Северна Кореја не пријави ниеден случај на коронавирусот, лидерот Ким Џонг Ун изјави дека состојбата со храната е „напната“ откако Северна Кореја ги затвори границите со Кина поради пандемијата и нарушената трговија, како и тајфунот што минатата година ги оштети посевите.
Шерман рече дека со нетрпение ја очекува дискусијата за прашањето за Северна Кореја што ќе се одржи во Пекинг следната недела и покрај „комплицираните“ односи меѓу САД и Кина.
„Постојат аспекти што се конкурентни, постојат аспекти што отежнуваат и аспекти во кои можеме да соработуваме“, рече Шерман, коментирајќи ги кинеско-американските врски.
Заменик-државната секретарка на САД се сретна со јужнокорејскиот претседател Мун Џеин и други високи претставници откако во средата пристигна во Сеул од Токио, а предвидено е да ја посети Монголија пред да ја посети Кина.






