Менаџментот на онлајн малопродажниот гигант ќе ги извести одделите и поединците погодени со гасењето на бројот на работни места.
„На повеќето вработени ќе им бидат дадени 90 дена интерно да побараат нова позиција“, напиша во писмо до вработените вишиот потпретседател за Човечки искуства и технологија на Амазон, Бет Галети.
Според соопштението, оние кои не можат да најдат нова улога во компанијата или кои ќе одлучат да не бараат нова, ќе добијат преодна поддршка, вклучувајќи отпремнина, услуги за преместување и здравствено осигурување.
Амазон имаше околу 1,56 милиони вработени со полно и скратено работно време на крајот од минатата година. Нејзината корпоративна работна сила вклучува околу 350.000 вработени.
Извршниот директор Енди Џаси, кој агресивно се стреми да ги намали трошоците откако стана извршен директор во 2021 година, во јуни изјави дека очекува генеративната вештачка интелигенција да ја намали корпоративната работна сила на Амазон во следните неколку години.






