сабота, 25 април 2026

Ал каеда ќе се обиде да го обнови своето присуство во Авганистан, предупредуваат САД

Објавено на

часот

Сподели

Ал каеда го користеше Авганистан како база пред 20 години, кога изврши напади врз Њујорк и Вашингтон.

На крајот од четиридневната турнеја низ земјите од Заливот, Остин им рече на новинарите во Кувајт дека САД се подготвени да го спречат враќањето на Ал каеда во Авганистан, што ќе ги загрози САД.

Авганистан беше прибежиште за борците на Ал каеда од 1996 до 2001 година, кога земјата беше управувана од исламски талибански екстремисти.

По нападите врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, САД го нападнаа Авганистан и набргу го соборија талибанскиот режим откако одби да ги екстрадира лидерите на Ал каеда.

Во текот на 20-те години американско присуство во Авганистан, Ал каеда беше речиси уништена, но прашањето за обновување на нејзините активности се отвора со враќањето на талибанците на власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ