Инцидентот се случи на 12 февруари 2015 година, кога Моника Кромарти била запрена поради брзо возење.
Таа излегла од автомобилот за да протестира дека ја запреле, но ја послушала наредбата на полицаецот Брајан Ли Билингс кога ѝ рекол да се врати во автомобилот, пренесе АП.
Според неа, Билингс ѝ рекол да го спушти прозорецот, а таа му рекла да ја остави на мира, додека преку телефон му се жалела некому дека ја запреле.
Неколку секунди подоцна, како што рече, полицаецот ја извлекол од автомобилот и ја принудил да легне на земја, а потоа со цела тежина ѝ легнал врз грбот, нанесувајќи и повреди на челото, усната, забите, десната веѓа и двете колена. Потоа ѝ ставил лисици на рацете и околу нозете.
Речиси целиот инцидент е снимен од полициска камера, која подоцна била користена во две судења.






