„Државата без селективност ќе се однесува кон сите криминални групи. Во Црна Гора повеќе немаат што да бараат, бидејќи на секој нивен обид за вршење кривично дело соодветно ќе одговориме. Одиме понатаму, храбро и решително“, порача Абазовиќ.
Шестчлена криминална група која, според полицијата, блиска до шкаљарскиот криминален клан, со месеци ја следела судијката на специјалниот оддел Билјана Ускоковиќ, чекајќи погоден момент физички да ја нападнат, односно со метална палка да ѝ ги скршат нозете и рацете.
Поголемиот дел од членовите на криминалната група се уапсени вчера, додека некои од нив се наоѓаат во затвор во Украина поради обвинување дека во мај минатата година се обиделе да го убијат шефот на ривалскиот кавачки криминален клан.
[video:https://youtu.be/O4yLny1C1fg autoplay:0]





