вторник, 28 април 2026

89-годишен вооружен маж отвори оган на две локации во Атина, рани неколку лица

Вооружен маж денес отвори оган на две локации во центарот на Атина, во близина на канцеларија за социјално осигурување и зграда на суд, ранувајќи неколку лица, соопштија грчките власти.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во тек е потрага по напаѓачот, за кој грчките медиуми објавија дека е 89-годишен маж.

Полицијата соопшти дека осомничениот, вооружен со пушка, прво отворил оган во канцеларијата за социјално осигурување во центарот на Атина, ранувајќи еден вработен. Полицијата која пристигнала на местото на настанот му пружила помош на повреденото лице, но вооружениот маж претходно избегал.

Истиот вооружен маж е осомничен дека подоцна отворил оган во приземјето на зградата на суд во Атина, ранувајќи неколку лица, соопшти полицијата, додавајќи дека пронашле пушка.

Снимките од државната телевизија ЕРТ њуз покажаа персонал за брза помош како носи најмалку три лица од судот до амбулантно возило.

Мотивот за нападот не е јасен. ЕРТ објави дека вооружениот маж наводно фрлил пликови со документи на подот по пукањето во судот и рекол дека тоа е причината за неговите постапки.

Насилството со употреба на оружје е релативно ретко во Грција. Поседувањето оружје е дозволено, но е строго регулирано, пишува агенцијата АП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ