среда, 6 мај 2026

5 мртви откако возило упадна на парада во Висконсин (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа црвено теренско возило што јури кон задниот дел на парадата.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=lzmN0-oE3O4 autoplay:0]

Друго видео покажува како полицијата отвора оган врз истото возило додека минува низ уличните бариери.

„Додека поминувавме низ градот, видовме како џипот поминува, стиска гас и со полна брзина удира во парадата. Потоа слушнавме силен тресок, а по тоа заглушувачки врисоци и пискотници на луѓето што беа удрени од возилото“, велат очевидци.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=A3GeFLWjEQg autoplay:0]

Американските медиуми неофицијално објавија дека осомничениот може да е црнец на доцни 30-ти години со криминално досие поврзано со телесни повреди, семејно малтретирање и несовесно загрозување. Лицето било ослободено со кауција во почетокот на неделата.

Според Си-ен-ен, полицијата го запленила возилото, а осомничениот е во притвор.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=dcMyebdtov4 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ