среда, 29 април 2026

Трамп ја одби понудата на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе одржи поморската блокада на Иран сè додека земјата не се согласи на договор кој ќе ги исполни барањата на Соединетите Американски Држави поврзани со нуклеарната програма на Техеран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп со тоа го отфрли иранскиот предлог прво да се отвори Ормускиот теснец и да се укине блокадата, како и да се одложат нуклеарните преговори за подоцна. Според извори запознаени со ситуацијата, Централната команда на САД (Центком) подготвила план за „краток и моќен“ бран напади врз Иран за да се прекине застојот во преговорите.

По ваквите напади, кои веројатно би вклучувале цели поврзани со инфраструктурата, САД ќе се обидат да ги принудат иранските власти да се вратат на преговарачката маса и да покажат поголема флексибилност.

Трамп изјави за Аксиосs дека ја смета блокадата за „нешто поефикасна од бомбардирањето“, а извори наведуваат дека сè уште не дал наредба за воена акција.

Засега, тој ја гледа блокадата како главен инструмент за притисок, но би размислил и за воена акција доколку Иран не попушти, тврдат изворите. Во телефонскиот разговор со Аксиос, кој траел околу 15 минути, тој одбил да зборува за конкретни воени планови.

„Блокадата е некако поефикасна од бомбардирањето. Тие се гушат како прејадено прасе. И ќе биде уште полошо за нив. Тие не смеат да имаат нуклеарно оружје“, кажа Трамп. Додаде дека Иран сака да постигне договор за укинување на блокадата.

„Тие сакаат договор. Тие не сакаат јас да ја продолжам блокадата. Не сакам да ја укинам блокадата, бидејќи не сакам тие да имаат нуклеарно оружје“, истакна тој.

Трамп тврди и дека иранските магацини за нафта и цевководи се „блиску до експлозија“ бидејќи не можат да извезуваат нафта поради блокадата, иако некои аналитичари се сомневаат дека ситуацијата е толку итна.

Од друга страна, висок ирански безбедносен извор, објавен од државната телевизија Прес ТВ на англиски јазик, кажа дека американската поморска блокада „наскоро ќе наиде на конкретен и невиден одговор“.

Изворот додаде дека иранските вооружени сили досега покажале воздржаност со цел да ѝ дадат шанса на дипломатијата и да му дозволат на Трамп да го прекине конфликтот, но нагласи дека „трпението има граници“ и дека веруваат дека е потребна казна ако блокадата продолжи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ