понеделник, 20 јули 2026

Трамп исвиркан на финалето на Светското првенство, публиката негодуваше и за време на доделувањето на трофејот (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп беше исвиркан од дел од публиката на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. Негодувања се слушнаа кога тој и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, излегоа на теренот за церемонијата на доделување на медалите и трофејот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп, кој натпреварот го следеше од ВИП ложата заедно со сопругата Меланија Трамп и други високи гости, му го врачи победничкиот пехар на капитенот на Шпанија по победата од 1:0 над Аргентина. Исвиркувањата престанаа додека се доделуваа медалите на играчите и стручните штабови, пренесе Ројтерс.

Неговото присуство на турнирот претходно предизвика полемики, откако лично интервенираше кај претседателот на ФИФА Џани Инфантино за да биде поништен црвениот картон на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун пред осминафиналето со Белгија. И покрај тоа, САД беа елиминирани со пораз од 4:1.

По доделувањето на трофејот, Трамп накратко остана на победничкиот подиум со шпанските фудбалери, пред Инфантино да го упати да се повлече за капитенот Родри да го подигне пехарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ