четврток, 30 април 2026

Светска банка: Западен Балкан го очекува успорен економски раст и зголемена инфлација

Кризата на Блискиот Исток ќе влијае и на економиите на Западен Балкан, па земјите во тој регион ќе се соочат со успорен економски раст и зголемена инфлација оваа и следната година, предупреди Светската банка со седиште во Вашингтон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во редовната шестмесечна регионална анализа објавена во Сараево се наведува дека се очекува „задушен“ економски раст во текот на 2026 и 2027 година под влијание на последиците од прелевањето на конфликтот на Блискиот Исток, тврдоглавата инфлација и зголемената неизвесност.

Прогнозите на Светската банка за Западен Балкан покажуваат дека економскиот раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија ќе достигне 2,8 проценти во 2026 година, што е за 0,3 процентни поени под претходните проекции. Во 2027 година се очекува скромно забрзување на регионалниот раст на 3,2 проценти.

Највисок раст на БДП од 3,9 проценти за оваа година е проектиран за Косово, а најнизок за Босна и Херцеговина, каде што треба да биде на ниво од 2,5 проценти. Во 2027 година, Косово треба да има и највисок раст на БДП во регионот, на ниво од 3,9 проценти, додека раст од три проценти се предвидува за Босна и Херцеговина, Македонија и Србија.

За да се одржи замавот на реформите во земјите од регионот, кои се соочуваат со недостиг од работна сила, ќе биде клучно да се зголеми учеството на активното население на пазарот на трудот, наведува Светската банка.

Според овој извештај, населението на Западен Балкан старее побрзо од каде било во Европа. Во текот на следната деценија, најмалку едно од пет лица во регионот ќе биде над 65 години, работното население заминува во потрага по подобри плати и перспективи во странство, а додека недостигот од работна сила се чувствува во клучните сектори, многу луѓе не работат активно или се откажале од барање работа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ