Третата заменик-советничка за национална безбедност, Ох Хјун-ју, ја даде изјавата во екот на шпекулациите за можна средба меѓу Трамп и Ким откако американскиот претседател ќе пристигне во Јужна Кореја в среда на самит во југоисточниот град Гјеонгџу, објави новинската агенција Јонхап.
„Имаше дискусии за таа средба, но верувам дека можноста е многу малку веројатна“, рече Ох за време на состанокот со странски новинари во Сеул.
Трамп претходно изјави дека е отворен за средба со Ким за време на неговата претстојна посета на Јужна Кореја.
Ох, сепак, истакна дека Сеул е подготвен за таква можност, наведувајќи дека средбата во 2019 година меѓу Трамп и Ким во селото Панмунџом била организирана во краток рок.






