Стејт департментот соопшти дека мерката се однесува на родителите што должат повеќе од 2.500 долари за издршка на деца, но дека всушност се таргетираат лица со уште поголеми долгови, пренесуваат медиумите.
Родителите на кои ќе им бидат одземени пасошите нема да можат да побараат нови сè додека не ги намират долговите, наведува Стејт департментот.
Според законот од 1996 година, на должниците за издршка на деца не им се одобрува обновување на пасошите, но мерката сега се проширува со воведување поништување на веќе издадени пасоши.
Тој закон досега довел до наплата на 657 милиони долари долг за издршка на деца, од кои 156 милиони долари во последните пет години.






