четврток, 26 март 2026

Русија потврди дека украински беспилотни летала погодиле два руски железнички објекти (ФОТО)

Руската Федерација потврди дека ноќта на 23 август, украински беспилотни летала погодиле два железнички инфраструктурни објекти во регионите Ростов и Волгоград во јужна Русија, предизвикувајќи доцнења на возовите на речиси 40 линии.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според весникот Москва тајмс, повикувајќи се на „Руски железници“, вооружените сили на Украина го нападнале железничкиот дел Росош – Сорановка по втор пат во една недела, пренесува Укринформ.

Според претставници на Руски железници, погодена е станицата Сергеевка, каде што „работата на контактната електрична мрежа била нарушена“.

„Поради овие напади доцнеа 38 возови“, се вели во соопштението на „Руски железници“.

Според гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусари, украински беспилотни летала биле соборени во регионите Чортковски, Шолоховски и Милеровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ