сабота, 2 мај 2026

Помошник на Алексеј Навални нападнат со чекан во Литванија (ФОТО+ВИДЕО)

Леонид Волков, член на руската опозиција близок до Алексеј Навални, во вторникот бил нападнат во близина на својот дом во Литванија.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Волков бил нападнат со чекан во главниот град на Литванија, Вилнус, изјави за Ројтерс Кира Јармиш, поранешна портпаролка на Навални.

„Леонид Волков штотуку беше нападнат пред својата куќа. Некој го скршил прозорецот од автомобилот и му испрскал солзавец во очите, по што напаѓачот почнал да го удира Леонид со чекан“, објави Јармиш на социјалните мрежи.

„Леонид сега е дома, полицијата и брзата помош се на пат кон него“, додаде таа.

Волков во нападот се здобил со скршеница на раката, модринка на челото и рана на ногата, изјави Јармиш.

Волков во објава на Телеграм рече дека се вратил дома од болница во средата по лекувањето, додавајќи дека бил удрен околу 15 пати со чекан по ногата.

Алексеј Навални (47) почина на 16 февруари во казнена колонија северно од Арктичкиот круг.

Според властите, најжестокиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин се онесвестил за време на обиколката на затворскиот двор, а обидите за реанимација биле неуспешни.

Неговата сопруга и поддржувачите на опозицискиот политичар за убиството ги обвинуваат руските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ