вторник, 14 април 2026

Пакистан предлага втора рунда преговори меѓу САД и Иран за ставање крај на војната

Пакистански претставници денес изјавија дека Исламабад предложил втора рунда преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран за ставање крај на војната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во меѓувреме, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс, кој ја предводеше делегацијата за време на преговорите во Исламабад минатиот викенд, изјави дека на разговорите „е постигнат одреден напредок“, а претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека „другата страна“ го контактирала Вашингтон и порачала дека „сака да работи на договор“.

Пакистан предложил да биде домаќин на втората рунда преговори меѓу САД и Иран во Исламабад во наредните денови, пред истекот на договореното двонеделно примирје, рекле двајца пакистански претставници.

Претставниците, кои зборувале под услов да не им се откриваат имињата, рекле дека предлогот ќе зависи од тоа дали преговарачите ќе побараат друга локација.

Еден од нив изјавил дека, иако првите преговори завршиле без договор, тие биле дел од тековен дипломатски процес, а не еднократен обид.

Американската блокада на иранските пристаништа, која започна вчера, и иранската закана за одмазда создадоа вонредна ситуација со сериозна закана за глобалната економија и растечки стравувања од распад на примирјето во иранската војна и продолжување на борбите. Цената на нафтата малку се намали поради зголемените очекувања за можна втора рунда преговори меѓу САД и Иран.

Референтната американска нафта денес падна за 1,7 проценти на 97,37 долари за барел, додека цената на нафтата брент, која е меѓународен стандард, се намали за 0,9 проценти на 98,49 долари за барел.

Токискиот индекс Никеј 225 порасна утрово за 2,3 проценти, јужнокорејскиот Коспи за 2,7 проценти, а хонгконшкиот Ханг Сенг за 0,5 проценти, како и шангајскиот композитен индекс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ