сабота, 8 ноември 2025

Од ураганот Мелиса загинаа повеќе од 30 луѓе во карипските земји

Ураганот Мелиса уби повеќе од 30 луѓе и предизвика пустош во карипските земји, низ Јамајка, Хаити, Доминиканската Република и Куба, објави Скај њуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Службениците досега пријавија 25 смртни случаи во Хаити, осум во Јамајка и еден во Доминиканската Република.

Снимките од воздух ги прикажуваат градовите уништени од бурата, која стигна до копното во Јамајка во вторникот, 28 октомври, како ураган од категорија 5, со ветрови до 295 километри на час.

Еден од најсилните атлантски урагани досега, Мелиса ослабе кога стигна до копното во Куба во средата наутро, но сепак предизвика пустош и таму, уривајќи куќи и блокирајќи патишта.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес изјави дека САД испраќаат екипи за спасување и реагирање за да помогнат во напорите за закрепнување на Карибите и дека владини претставници се координираат со лидерите на Јамајка, Хаити, Доминиканската Република и Бахамите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ