вторник, 14 април 2026

Најмалку 16 лица ранети во пукање во училиште во Турција, напаѓачот се самоубил (ВИДЕО)

Во пукање во средно училиште во Сиверек, на југоистокот на Турција, денес се ранети најмалку 16 лица, додека напаѓачот, поранешен ученик на тоа училиште, потоа се самоубил, соопштија официјални лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Напаѓачот, вооружен со сачмарка, пукал неселективно во средно стручно училиште во Сиверек, во провинцијата Шанлиурфа, пред да се засолни во зградата и да си го одземе животот.

Мотивот за нападот засега не е познат. Пукањата во училишта се ретки во Турција.

Специјални полициски единици биле распоредени откако напаѓачот одбил да се предаде, додека сите вработени и ученици биле евакуирани.

Според извештаи во турските медиуми, дел од повредените се ученици, но и наставен кадар, при што повеќето имаат полесни повреди. Итните служби брзо реагирале и повредените биле пренесени во блиските болници, а училиштето е целосно обезбедено од полицијата. Локалните власти отвориле истрага за утврдување на околностите и можниот мотив за нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ