Потврдата следи по извештаите во словачките медиуми минатата недела дека Фицо имал намера да ја посети Русија за празникот 9 мај, но без да учествува на воената парада на Црвениот плоштад. Медиумите објавија дека премиерот планира наместо тоа да положи цвеќе на Гробот на непознатиот херој, пишува Москоу тајмс.
Фицо беше на Парадата на победата во Москва и минатата година, и покрај предупредувањата од Брисел. Тој припаѓа на тесниот круг европски лидери, заедно со унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан, кои одржуваат релативно нормални односи со Москва дури и по санкциите на ЕУ против Русија.
Полска објави оваа недела дека добила барање од Словачка авионот на Фицо да прелета над полскиот воздушен простор на пат кон Русија. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека тоа прашање е решено, но не прецизираше дали дозволата е одобрена.
Ушаков најави дека и други странски лидери ќе присуствуваат на настаните по повод 81-годишнината од победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна, но не прецизираше кои земји ќе бидат претставени.
На претседателот Владимир Путин традиционално му се придружуваат лидери од поранешни советски држави, како што се Белорусија и централноазиските републики, на почесната трибина. Руското Министерство за одбрана во вторникот објави дека нема да има воени возила на овогодинешната парада, а Кремљ објасни дека одлуката е донесена од безбедносни причини.






