четврток, 7 мај 2026

Луѓето масовно бегаат од Либан поради израелските напади

Илјадници луѓе бегаат од Либан додека Израел ги извршува своите најтешки воздушни напади од 2006 година, кога Хезболах и израелската војска водеа разорна војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа авиони со либански државјани кои бегаат од израелските воздушни напади пристигнаа на Кипар откако израелската војска започна копнена операција во јужен Либан против Хезболах.

„Ова е ужасна ситуација, навистина ужасна ситуација“, изјави Либанецот Али Абдул Хасан за новинската агенција Ројтерс по пристигнувањето во градот Ларнака доцна синоќа.

49-годишникот рече дека побегнал од Бејрут откако во воздушен напад е погодено неговото соседство во близина на главниот град, сериозно оштетувајќи ја неговата куќа. Тој рече дека во погодената зграда биле сместени либански семејства кои веќе побегнале од јужен Либан.

Стотици илјади луѓе се раселени во земјата во последните недели поради последниот конфликт, вклучително и повеќе од 100.000 луѓе, главно Либанци и Сиријци, кои побегнале преку границата во Сирија, според податоците на Обединетите нации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ