вторник, 28 април 2026

Кремљ за нападот на Трамп: Путин осудува секакво насилство

Портпаролот на Кремљ го коментираше обидот за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, порачувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин секогаш го осудува насилството и обидите за убиство на шефови на држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Путин секогаш постојано ги осудувал сите манифестации на насилство и сите обиди за загрозување на животите на државните лидери“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на брифинг за медиумите.

На прашањето за можен телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, Песков кажа дека засега нема информации за тоа, но дека јавноста ќе биде информирана доколку се одржи разговор.

Во саботата вечерта, 31-годишниот Кол Ален од Калифорнија беше уапсен откако го пробил безбедносниот контролен пункт на американската Тајна служба и отворил оган во хотелот Вашингтон Хилтон за време на годишната вечера со дописниците од Белата куќа.

Еден полицаец беше погоден, но преживеа благодарение на панцирот.

Ален имал пушка, пиштол и неколку ножеви со себе, а обвинителството тврди дека планирал да нападне претставници на администрацијата на Трамп.

Тајната служба итно ги евакуираше Трамп, првата дама Меланија Трамп и членовите на кабинетот од салата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ