сабота, 18 април 2026

Израелската војска објави снимка: „За минута уништивме 70 позиции на Хезболах“ (ВИДЕО)

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека уништила „70 позиции на Хезболах“ на подрачјето на Бинт Џбеил во јужен Либан, по вчерашниот упад на командоси.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Припадници на командоската единица Егоз упаднале во Аината, кварт во близина на Бинт Џбеил, кој ИДФ го опишува како „борбен комплекс“ на Хезболах.

Војниците, како што се наведува, таму пронашле големо количество оружје, вклучително рачни ракетни фрлачи, јуришни пушки, гранати, противвоздушни проектили и друга опрема.

Во меѓувреме, како што наведува војската, припадници на командоската единица Маглан на тоа подрачје убиле „многубројни оперативци на Хезболах“.

По завршувањето на претресите, израелските сили „за само една минута уништиле приближно 70 терористички инфраструктури“, соопшти ИДФ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ