среда, 13 мај 2026

Израел го ослободи директорот на болницата Ал Шифа и десетици други палестински затвореници

Израел ослободи десетици палестински затвореници, меѓу кои и директорот на болницата Ал Шифа во градот Газа, и ги префрли во медицинските центри во Појасот Газа, изјави денеска за медиумите неименуван лекар од таа територија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Извор од болницата Ал Акса во централниот град Деир ал-Балах изјави дека Израел ослободил десетици затвореници од Појасот Газа, меѓу нив и Мохамед Абу Салми, кој беше уапсен во ноември, и ослободен преку источниот премин во близина на Кан Јунис.

Петмина од ослободените се примени во болницата, другите се префрлени во болниците во Кан Јунис, изјави изворот.

На прашањето на Франс прес за ослободувањето на затворениците, израелската армија одговори дека ќе ја провери информацијата.

Дописникот на Франс прес од Деир ал-Балах видел луѓе со своите најблиски во болницата Ал Акса.

Израелските сили го уапсија Мохамед Абу Салми во ноември. Израел го обвинува Хамас, кој е на власт во Газа од 2007 година, дека ги користи болниците за воени цели, што Хамас го негира.

Израелската војска тогаш соопшти дека болницата со која управувал Абу Салми била место на бројни терористички активности на Хамас.

Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир денеска оцени дека ослободувањето на директорот на медицинскиот центар Ал Шифа во Газа, заедно со „десетици други терористи“ е откажување од безбедноста.

Палестинските здруженија за одбрана на човековите права на затворениците во мај тврдеа дека двајца Палестинци, меѓу кои и докторот на Ал Шифа, починале во израелски затвор како последица на тортура и недостаток на медицинска помош. Израелската армија тогаш за Франс прес изјави дека не знаела за такви факти.

На 19 декември, војската отвори истрага за смртта во притвор на неколку Палестинци уапсени во Газа по 7 октомври и почетокот на израелската војна со палестинскиот исламистички Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ