„Земјите-членки на СЗО направија голем чекор напред во напорите да го направат светот побезбеден од пандемии подготвувајќи договор за кој ќе се дискутира на следното Светско здравствено собрание во мај“, се вели во соопштението на СЗО.
Земјите го постигнаа договорот синоќа во 1:58 часот, изјави еден од делегатите за Франс прес.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адам Гебрејесус, оцени дека ова е историска одлука.
„Постигнувањето консензус за Договорот за пандемијата воспоставува договор со цел да се направи светот побезбеден“, рече Гебрејесус.
Тој додаде дека постигнувањето консензус е показател дека „во еден поделен свет, нациите сè уште можат да работат заедно за да најдат заеднички јазик и да одговорат на заедничките закани“.