понеделник, 11 мај 2026

Индискиот премиер ги повика граѓаните една година да не купуваат златен накит

Индискиот премиер Нарендра Моди денес ги повика граѓаните на Индија една година да не купуваат златен накит, со цел да се заштити трговскиот биланс на земјата, кој е загрозен поради поскапувањето на увозот на нафта како последица на војната со Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Моди јасно ја упати пораката: привременото откажување од купување злато треба да помогне во зачувувањето на девизните резерви. Индија е еден од најголемите светски увозници на злато, а таа индустрија вреди речиси 100 милијарди долари.

„Наместо во злато, подобро е да се инвестира во други сектори што носат поголема корист за економијата“, порача Моди, пренесоа индиските медиуми.

Оваа мерка би можела сериозно да го погоди секторот за накит и малопродажба на злато, кој вработува милиони луѓе низ целата земја, особено во руралните области, каде што златото претставува традиционален облик на штедење и симбол на статус.

Индија веќе подолго време се обидува да го намали увозот на злато за да го ублажи дефицитот на тековната платежен биланс, а актуелниот раст на цените на нафтата дополнително ја влоши ситуацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ