сабота, 18 април 2026

Германската опозиција: Извозот на оружје за Израел ја поттикнува војната во Иран

Германската опозициска партија Левица денеска ја обвини владата на канцеларот Фридрих Мерц дека со извозот на оружје за Израел ја поттикнува војната во Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

И покрај уставната забрана за извоз на оружје во зони на конфликт, владата во текот на првите недели од војната одобрила испораки за Израел, што го потврдуваат податоците на Министерството за економија, пишува Анадолу.

Пратеникот од Левица, Улрих Тоден, повика на итен и целосен прекин на извозот на оружје за Израел. „Интересите на воено-индустрискиот комплекс, водени од профит, никогаш не му служат на мирот, ниту на Блискиот Исток ниту на друго место. Напротив, тие поттикнуваат војни, кои одземаат безброј животи и можат цели нации да ги лишат од економски просперитет“, изјави Тоден.

Информациите, по парламентарно прашање на пратеникот Тоден, ги објави Министерството за економија, а ги пренесе Германската новинска агенција (Дпа). Во периодот меѓу 28 февруари и 27 март Берлин одобрил извоз на оружје за Израел во вредност од 6,6 милиони евра, односно приближно 7,78 милиони американски долари.

Германија му е долгогодишен сојузник на Израел, а владините претставници повеќепати нагласувале дека земјата има посебна одговорност за безбедноста на Израел поради своето нацистичко минато.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ