сабота, 15 ноември 2025

Европа го планира „ѕидот од дронови“ до 2027, протече документ од Брисел

Европската Унија составила мапа на патот за одбранбената готовност за воведување клучни воени капацитети, вклучително и формирањето на „ѕидот од дронови“ до крајот на 2027 година, објави Еуроњуз, повикувајќи се на протечен документ „Мапа на патот за одбранбена готовност 2030“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Документот, кој официјално ќе биде презентиран од Европската комисија во четврток, се темели на повеќемесечни разговори меѓу извршната власт на ЕУ и земјите-членки за целосно да се измени одбранбената политика на блокот во директна конфронтација со Русија.

Бидејќи ЕУ претходно состави список од девет приоритетни области во кои земјите-членки треба итно да инвестираат, вклучувајќи муниција, беспилотни летала и технологија против беспилотни летала, Европската комисија претходно овој месец предложи да се даде приоритет на четири паневропски водечки проекти, и тоа Источен страничен надзор, вклучувајќи го Европскиот ѕид од дронови, Воздушен одбранбен штит и Одбранбен вселенски штит.

Според Мапата на патот, Источниот надзор и Ѕидот од дронови се најитните приоритети, и дека ѕидот треба да биде целосно функционален и интегриран до крајот на 2027 година, а функционален до крајот на 2028 година.

„Способностите за борба против дронови ќе бидат дизајнирани како повеќеслоен, технолошки напреден систем со интероперабилни способности за откривање, следење и неутрализирање на дронови, како и можности за гаѓање копнени цели со употреба на технологија на дронови за прецизни напади“, се наведува во документот, пренесува Еуроњуз.

Се наведува дека капацитетите против дронови треба да бидат целосно интероперабилни и поврзани меѓу земјите-членки и да дејствуваат во соработка со НАТО.

Во мапата на патот Комисијата очекува „зоната на воена мобилност низ цела ЕУ, со хармонизирани правила и процедури и мрежа од копнени коридори, аеродроми, морски пристаништа и елементи за поддршка, да обезбеди непречен транспорт на војници и воена опрема низ целата Унија, во тесна координација со НАТО“ и дека таа ќе биде воспоставена „до крајот на 2027 година“.

Целта на различните одбранбени иницијативи предложени од ЕК досега, вклучително и шемата за одбранбени заеми „САФЕ“, беше поттикнување заедничка набавка на воени капацитети и да се поддржи Европската одбранбено-технолошка и индустриска база.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ