четврток, 22 мај 2025

Белата куќа: Трамп сè повеќе се фрустрира со Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп јасно порача дека сака трајно примирје во Украина, а не привремени прекини на борбите, изјави портпаролката на Белата куќа Керолајн Левит. Таа изјавата ја даде како реакција на најавата на рускиот претседател Владимир Путин за еднострано тридневно примирје од 8 до 10 мај, по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот сака да види трајно примирје кое ќе ги сопре убивањата и крвопролевањето“, кажа Левит. Таа додаде дека Трамп „останува оптимистичен“ околу можноста за постигнување договор, но дека „сè повеќе се фрустрира со лидерите на двете страни“ кои, како што кажа, „мора да седнат на маса и да договорат излегување од конфликтот“. Левит исто така истакна дека неодамнешната средба на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски во базиликата Свети петар покажала дека Трамп „сака повторно да биде претседател кој носи мир, како што беше во својот прв мандат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ