„Чешката воена индустрија може без проблем да извезува, а помошта за Украина оди преку Европската Унија. Но директно од буџетот нема да испраќаме пари за оружје “, кажа Бабиш на прес-конференција по првата седница на новата парламентарна група на АНО. Тој кажа дека од чешкиот буџет „ни круна нема да оди во Украина“и дека во буџетот нема пари ниту за Чешка.
Тој зборуваше и за чешката иницијатива за купување и испраќање артилериска муниција во Украина, која трае повеќе од три години. Тој ја пофали идејата, но го критикуваше начинот на имплементација. „Тоа беше добро, но требаше да го направи директно Северноатлантската алијанса и требаше да биде транспарентно. Приватни субјекти од тоа заработија десетици милијарди“, кажа Бабиш.
Чешка е една од земјите што ја снабдуваа Украина со оружје и муниција, вклучително и гранати, преку гореспоменатата иницијатива.
Бабиш во остатокот од настапот зборуваше за домашниот буџет, обвинувајќи го министерот за финансии во заминување Збињек Стањура дека ја доведува земјата во „буџетска парализа“ и дека недосттигаат пари за инфраструктура и лекови. Стањура одговори дека шири дезинформации и потсети дека дефицитот најмногу е под влијание на трошоците за изградба на нуклеарната централа Дуковани и вонредното зголемување на трошоците за одбрана.






