четврток, 22 мај 2025

Автомобил влета во толпа на прославата на Денот на ослободувањето на Италија, едно лице загина (ФОТО)

Едно лице загина, неколку се повредени во италијанскиот град Пјетроза кога автомобил управуван од 80-годишен маж удрил во група луѓе собрани на градскиот плоштад.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил за време на прослава организирана од Здружението на италијански партизани од Втората светска војна, на која присуствувале околу стотина луѓе.

Според првичните информации, автомобил прегазил неколку пешаци, најмалку едно лице загинало. Несреќата се случила по настан на Плоштадот на мирот, во близина на споменикот на хероите.

Пожарникарите соопштија дека на 80-годишниот возач му се слошило пред да удри во толпата на прослава во градот Пјетроза. Истрагата е во тек.

Несреќата се случила на крајот од локалната парада организирана од италијанското партизанско здружение кое го чува споменот на фашистичкото движење на отпорот.

Свеченостите се организирани во знак на сеќавање на крајот на фашистичкото владеење и нацистичката окупација на Италија во Втората светска војна и победата на италијанското партизанско движење.

Денот на ослободувањето на Италија е државен празник кој се слави со паради и митинзи низ целата земја. Училиштата, владините институции и повеќето продавници се затворени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ