„Она што го прави Иран е чин на економски тероризам против целиот свет. Тие се заканија на секој брод кој поминува низ Ормускиот теснец. Претседателот покажа дека двајца можат да ја играат таа игра. Ако Иран спроведува економски тероризам, ние ќе се држиме до едноставен принцип – ниту еден ирански брод нема да помине“, кажа Венс за Фокс њуз.
Тој додаде дека Вашингтон сака да го зголеми економскиот притисок врз Техеран.
„Знаеме дека ова е голема работа за нив. Знаеме дека тоа создава дополнителен притисок. Претседателот (Доналд Трамп) сака иранскиот народ да напредува, но топката сега е во нивни нозе“, кажа тој, нагласувајќи дека преговорите донеле одреден напредок, но дека останува да се види дали ќе се постигне конечен договор.
VANCE: What they have done is engage in this act of economic terrorism against the entire world. As the President showed, two can play at that game. pic.twitter.com/pd9HIdamV7
— Acyn (@Acyn) April 13, 2026
САД вчера почнаа поморска блокада на иранските пристаништа и сообраќајот поврзан со Иран по неуспешните преговори за време на викендот во Пакистан.
Американската команда предупреди дека бродовите што ќе се обидат да влезат или да ја напуштат блокираната област без овластување може да бидат пресретнати, пренасочени или запленети.
Блокадата дополнително ги зголемува тензиите во Ормускиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светската нафта.
Иран претходно се закани со одмазда и предупреди на последици за глобалната економија, додека аналитичарите предупредуваат дека ситуацијата би можела да ескалира во поширок поморски конфликт доколку има директен контакт меѓу американските и иранските сили.






