„Ваквите изјави се безобѕирни кон нашите војници“, кажа Хегсет. „За кого вие навивате?“, додаде тој, заклучувајќи: „Со тоа се поткопува мисијата“.
На прашањето дали Соединетите Американски Држави ја добиваат војната против Иран, Хегсет одговори: „Апсолутно“, нарекувајќи ја „неверојатен воен успех“. На прашањето дали САД ја земале предвид можноста Иран да го затвори Ормускиот теснец пред почетокот на конфликтот, Хегсет кажа дека Министерството за одбрана „ги разгледало сите аспекти на тој ризик“, објави Ал Џезира.
Осврнувајќи се на американскиот напад што погоди иранско училиште за девојчиња на почетокот на војната, при што беа убиени околу 170 луѓе, претежно деца, Хегсет кажа дека „тој несреќен инцидент е сè уште под истрага“. На прашањето колку чинел нападот, тој одговори: „Не би ставил цена на тоа“.
Актуелните истраги укажуваат дека нападот можеби е резултат на грешка на американската војска поради употреба на застарени разузнавачки податоци. Во агресијата на САД и Израел врз Иран, стотици училишта и образовни институции беа уништени или сериозно оштетени, при што беа убиени стотици ученици и наставници.






