сабота, 6 јуни 2026

Вембањама промаши шут за победа, Њујорк направи втор брејк во Сан Антонио (ВИДЕО)

Њујорк Никси направија уште еден брејк во финалната серија на НБА лигата и со победата од 105-104 на гостувањето кај Сан Антонио поведоа со 2-0.

Објавено на

часот

Сподели

Гостите имаа контрола врз резултатот во најголемиот дел од натпреварот и во последната четвртина водеа со 97-83, но Спарси се вратија со серија од 14-0 и ја направија завршницата неизвесна.

Клучниот момент се случи на 15 секунди до крајот кога Џејлен Брансон украде топка по недоразбирање во редовите на домаќинот и изнуди фаул. Сан Антонио имаше последен напад за победа, но Виктор Вембањама не успеа да погоди од тешка позиција.

Французинот беше најефикасен на мечот со 29 поени, додека кај Никси најдобри беа Карл Ентони Таунс со 21 и Џејлен Брансон и Микал Бриџис со по 20 поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ