четврток, 28 мај 2026

Варди заминува од Кремонезе, ќе игра во трета лига

Легендарниот Џејми Варди ќе го напушти Кремонезе по истекот на договорот на крајот од сезоната, објавуваат италијанските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Искусниот англиски напаѓач се разделува со клубот по само една година, откако Кремонезе не успеа да обезбеди опстанок во Серија А и се врати во Серија Б.

Варди во сезоната забележа 29 настапи, при што постигна седум голови и запиша три асистенции во најсилната конкуренција на италијанскиот фудбал.

Тој минатото лето пристигна во Кремонезе како слободен играч по заминувањето од Лестер, со кој претходно му истече договорот по испаѓањето на англискиот клуб од Премиер лигата. Триесет и деветгодишниот напаѓач потпиша едногодишна соработка, која истекува на 30 јуни, по што повторно ќе стане слободен играч.

Во текот на сезоната клубот направи и тренерска смена, но ниту доаѓањето на новиот стратег не успеа да ја подобри ситуацијата и да го спаси тимот од пад.

Италијанските медиуми пишуваат дека Варди би можел да ја продолжи кариерата назад во Англија, а не се исклучува ниту враќање во Лестер, клубот со кој испиша историја и кој следната сезона ќе настапува во Лига 1 (трета лига).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ