понеделник, 20 април 2026

Вардар против Алкалоид ќе игра во ретро дресови

Црвено-црните на мечот против Алкалоид ќе го слават 65 роденден, а на теренот ракометарите на Вардар ќе настапат во посебни, ретро дресови.

Објавено на

часот

Сподели

Клубот ги објави деталите за прославата, ќе има и фан зона пред салата „Јане Сандански“.

„Ве каниме на големата прослава на 65 РОДЕНДЕН на РК Вардар, која ќе се одржи во четврток (23 април 2026) во СЦ „Јане Сандандски”, каде во рамки на 6. коло од плеј-оф натпреварот од Супер лигата ќе ја пречекаме екипата на Алкалоид.

По тој повод, ракометарите на Вардар ќе настапат во ретро дресови дизајнирани специјално за овој натпревар. Подготвуваме и уште многу изненадувања со кои ќе го прославиме овој важен јубилеј на нашиот Вардар!

Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот, а час и половина порано (околу 16,30 часот) на платото пред салата ќе има организирана фан-зона поддржана од нашите спонзори, а наменета за сите посетители.

Затоа ве покануваме да дојдете и да уживате во забавата која воедно ќе биде увертира за спектаклот кој следува.

Неизмерна е нашата, а веруваме и вашата радост како навивачи, што по децениите на заедничка борба за клубот, ја имаме честа да го одбележиме овој важен датум од историјата на клубот!

Ви благодариме што секогаш сте биле тука за клубот и што никогаш не сте ни го свртеле грбот. Ви благодариме за поддршката и за сите заеднички спомени, кои во четврток ќе ги прославиме онака како што доликува и како што го правевме 65 години – Заедно!

Кон крајот на јубилејната година најавуваме и документарец, посветен токму на РК Вардар, на сите генерации кои го граделе и бранеле неговото име, на легендите, играчите, тренерите и навивачите кои оставиле неизбришлива трага во историјата на клубот“, се вели во соопштението на РК Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ