среда, 22 април 2026

За една недела отстранети 655 кубни метри отпад, расчистени се и диви депонии низ Скопје

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 655 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје, при што се расчистени неколку поголеми диви депонии на повеќе локации.

Објавено на

часот

Сподели

Отстранети се диви депонии на улиците Перо Наков во општината Гази Баба, Џон Кенеди во општината Чаир, како и Гвадалахара во општината Шуто Оризари.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 19 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од кои по шест записници се врачени на територијата на скопските општини Чаир и Карпош.

ЈП Комунална хигиена-Скопје изврши и целосно расчистување на теренот по обемната сообраќајна незгода лоцирана на главната улица во општината Ѓорче Петров, како и чистење и посипување со песок во непосредна близина на маркетот Томи во општината Кисела Вода, каде што беше забележано излевање на поголемо количество масло на коловозот.

Од претпријатието апелираат да престане масовното одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини, што директно ја загадува животната средина и го загрозува јавното здравје. Апелираат мешаниот комунален отпад да се одлага исклучиво во наменски поставените садови, додека претпријатието продолжува на граѓаните да им ја нуди можноста својот кабаст отпад бесплатно да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, од 07 до 19 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ